Роберт де Ниро, еден од омилените и најуспешни актери во светот, досега има одиграно голем број улоги во својата кариера, а една од најзабележителните секако е во филмот „Кум“.
Во култниот филм, кој беше прогласен за најдобар филм на светот, актерот ја играше улогата на помладиот Вито Корлеоне, а сега во интервју за емисијата на Џими Фалон открил непознати детали за настанокот на овој проект, но и распределба на улогите.
Како што рекол, улогата на Вито не била наменета за него, туку тој долго време се подготвувал да се појави пред камерата како Сони Корлеоне.
Сепак, и покрај подготвеноста да ја игра улогата на најстариот син на кумот, режисерот Франсис Форд Копола одлучил да му ја даде главната улога и да му ја довери задачата да го прикаже животот и развојот на патот на Вито.
“Сите ја посакувавме улогата на Мајкл Корлеоне, но сите знаевме дека Ал Пачино ќе ја добие, затоа што Френсис Форд Копола го сакаше. Сакав да го играм Сони и почнав да ја учам таа улога, а Френсис ми дозволи да ја прочитам улогата, иако тој знаеше дека ќе го игра Џими Кан“, рекол Де Ниро.