Франција ги забранила мобилните телефони во основните училишта: Треба ли истото да го направи и Македонија?

Францускиот парламент вчера конечно ја прифати забраната за користење на мобилни телефони во основните училишта, што беше предизборно ветување на претседателот Емануел Макрон а кое опозицијата го нарече „козметичко”.
Претставници на партијата Макрон во Република до движење (РЕМ) која има мнозинство и претставниците на центарот гласале за текстот во Националното собрание, долниот дом од Парламентот, а десницата и левицата биле воздржани, нарекувајќи го „комуникациска операција”, „политичка реклама” и „посебен закон” кој „нема ништо да промени”.
Предлог-законот забранува употреба на било каков уред со можност на мрежно поврзување, како што се мобилни телефони и таблети, во основни училишта кои во Франција ги посетуваат деца на возраст до 14. или 15. години.
Исклучоци се, се разбира, употребата на овие уреди „за педагошки цели”, за што ќе одлучува секоја училишна институција со свои сопствени интерни правилници, и користење на такви уреди за деца со посебни потреби. Законот ќе се однесува и на воннаставни активности како што е спортот.
Средните училишта можат, но не мора да ги забранат мобилните телефони и другите уреди за можност на мрежно поврзување, потполно или делумно.
Францускиот закон за образование веќе забранува, врз основа на законот од 2010. година, мобилни телефони „за време на часовите и на места кои се предвидени со интерни правила”.
Темата за користење на мобилни телефони во училиштата е прилично релевантна веќе некое време и во цела ЕУ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …