(ВИДЕО+ФОТО) Најдобар филм и режија: Доделувањето на Оскарите во знак на филмот „Everything Everywhere All at Once“

Ноќеска во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа церемонијата на доделување на Оскарите, а за најдобар филм е прогласен „Everything Everywhere All at Once“.


Почнувајќи од еден часот по полноќ и се до четири часот по полноќ, траеше најочекуваната вечер во светот на кинематографијата во која беа прогласени најдобрите филмови за изминатата година.

View this post on Instagram

A post shared by oscars awards 2023 (@oscars.awards.2.0.2.3)



Листата на достигнувања што ја одбележаа 2022 година ја предводи филмот „Everything Everywhere All at Once“, кој е прогласен за најдобар.
Златната статуетка за најдобар актер ја освои Брендан Фрејзер за улогата во филмот „Кит“.


Мишел Јуо беше прогласена за најдобра актерка на овогодинешното доделување на Оскарите благодарение на улогата во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

Наградата за најдобро оригинално сценарио отиде во рацете на победникот на вечерта „Everything Everywhere All at Once“, а за најдобро адаптирано сценарио го доби филмот „Жените зборуваат“.

Очекувано, наградата за најдобра режија и најдобра монтажа ја доби филмот „Everything Everywhere All at Once“, на Пол Роџерс.

This image has an empty alt attribute; its file name is nagrada-za-scenario.jpg

Најдобар странски филм е „Ништо ново на запад“, кој доби и Оскар за најдобра кинематографија.


За најдобри споредни улоги, Ке Хуј Куан беше награден во машка категорија, а Џејми Ли Кертис во женска категорија. И двајцата беа наградени за улогите во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

„Аватар: Патот на водата“ доби Оскар за најдобри визуелни ефекти.
Најдобар игран анимиран филм е „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, а за краткиот филм оди кај екипата на „Момчето, кртот, лисицата и коњот“.
За најдобра оригинална филмска партитура повторно е награден филмот „Ништо ново на запад“, кој доби и Оскар за најдобар продукциски дизајн, односно сценографија.
За најдобар документарен филм е прогласен „Навални“, филмот на Даниел Роер за рускиот дисидент Алексеј Навални и обидот за труење од Владимир Путин. Филмот „Black Panther: Wakanda Forever“ ја освои наградата за најдобар костим, а „The Whale“ беше награден за најдобра шминка и фризура.
Најдобра оригинална песна е „Naatu Naatu“ од филмот „RRR“, а наградата за најдобар звук во филм ја доби филмот „Top Gun: Maverick“.

Да потсетиме, минатата година за најдобар беше прогласен филмот „CODA“. Златната статуетка за најдобра машка улога ја добија Вил Смит и Џесика Честејн за најдобра женска улога.
Сепак, вниманието од филмовите на 94-тото доделување на Оскарите на себе го сврте инцидентот со Вил Смит и Крис Рок, кога актерот му удри шлаканица на комичарот затоа што ја исмејуваше неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …