(ВИДЕО) „Добродојдовте во Берлин 2052“: Синот на Боуви снимил филм инспириран од својот татко

Новиот филм на Данкан Џонс, синот на славниот музичар и уметник Дејвид Боуви, под наслов „Mute” е инспириран од односот на режисерот со неговиот татко.
Дејствието на тој научнофантастичен трилер е сместено во Берлин во иднината, а во неговото средиште е темата на родителството. Главната улога во филмот ја толкува Александар Скарсгард.
„Мислам дека доста работи во филмот доѓаат од подконтекстот за што се’ повеќе ќе станувам свесен како ќе минува времето“ рекол Џонс.
„Голем дел од приказната се бави со самата природа на родителството. Што е тоа што некого прави добар родител“ изјавил режисерот за британски „Тајмс“.
Данкан Џонс вели дека првата верзија на сценариото ја напишал пред 15. години кога и’ ја покажал на својот татко. Сега одлучил да се врати на таа приказна, поради тоа што во неа имало ’многу нешта кои се лични’“.
Фимот „Mute” ќе биде прикажан на 23. февруари на Нетфликс.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …