Признание за уметникот: Оливер Драгојевиќ добива „Порин“ за животно дело

„Од сите награди, оваа е посебна. За неа ќе најдам специјално место во мојот дом“

Хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ има освоено многу награди „Порин“ во својата кариера, но оваа година ќе ја добие наградата за животно дело.
„Од сите награди, оваа е посебна. За неа ќе најдам специјално место во мојот дом“, рекол Оливер кога му кажале дека тој е добитник на наградата, известуваат хрватските медиуми.
Тој им се заблагодарил и на колегите што гласале за да го добие ова признание.
70.годишниот музичар ја добива наградата заедно со пијанистката Павица Гвоздиќ и поетот Јакша Фијаменго. Ова ќе биде 31. награда „Порин“ во неговата колекција. Наградата ќе му биде врачена на 23. февруари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …