„Б92“ објави дека на почетокот на март ќе почне да се снима документарен филм за бомбардирањето на СРЈ во 1999. година.
Снимањето ќе се одвива на преку 100. локации на Балканот, а продуцентот Немања Недељковиќ би сакал во филмот да се појават и Никита Михалков и Џони Деп. Преговорите со нив се во тек.
Филмот ќе биде преведен на осум јазици, а премиерата во Србија е закажана за 24. март 2019. година. Планирано е филмот да се прикажува ширум светот. Тоа нема да биде класичен документарец со факти и сведоци, туку „приказна со повеќе слоеви“.
„Се’ уште се преговара, но некои од лицата што би сакале да ги видиме во овој филм се Џони Деп и режисерот Никита Михалков, да го изнесат својот личен став“, рекол Недељковиќ.