(ВИДЕО) Том Џонс објавил нова песна: Потполно поинаква од она на што навикнавме!

Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, Том Џонс нема намера да запре со музиката.
Славниот пејач пред неколку дена ја објави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.
За песната е снимен адекватен спот. Она за што обожавателите се согласуваат е дека Џонс зачекори во друг музички стил кој не е специфичен за него, пренесува „Headliner“.
Фановите сметаат дека новата песна на легендарниот пејач потсетува на песна на групата Радиохед.
„Можеби грешам и мислам дека некој е обожавател на Радиохед”, “Сер Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр. Ми се допаѓа”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …