(ФОТО) ДАЛИ И ДОШОЛ КРАЈ НА ЉУБОВТА: После кавгата, Бурак и Фахрие се разведуваат!?

Турските медиуми објавија дека пред неколку дена Бурак Озчивит и Фахрие Евчен имале жестока расправија за време на одмор во вилата во Бодрум. Соседите ги слушнале нивните викања и врева и интервенирале сакајќи да ги помират сопружниците.

Досега јавноста не беше запознаена со вакви настани од нивниот приватен живот, бидејќи тие секогаш делувале хармонично и важеле за еден од најхармоничните брачни парови.


View this post on Instagram


Lütfen #EvdeKal 🙏🏻 Hayat eve sığar.. 🏡

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on


Благодарение на кавгата меѓу омилениот пар на турските медиуми, Бурак и Фахрие повторно станале мета на написи во весниците. Овој пат, медиумите известуваат дека е можно да стават крај на нивниот брак. Познато е дека актерското дуо ја започна романсата на заедничкото снимање на серијата „Љубовен дневник“, а врската ја крунисаа со брак во 2017. година по четири години забавување.

Веќе извесно време, турските медиуми велат дека Бурак и Фахрие не се во најдобри односи, а сега предвидуваат развод. Почетокот на конфликтот, наводно, го предизвикала сестрата на Бурак, која сакала да присуствува на роденденот на нивниот син Каран, на што се спротивставила Фахрие. А сега, медиумите тврдат дека актерката е многу болна, откако нејзиниот татко почина, по многу години борба со рак на желудник.

View this post on Instagram

🦋

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on

Бурак сакал да и помогне и се грижел за синот, но таа не го послушала предлогот на нејзиниот сопруг да посети психолог. Покрај тоа, како што тврди извор близок до парот, двајцата немаат ист став за одгледување на детето, поради што многу често биле во конфликт.

View this post on Instagram

Mon amour.. 💙🌟

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf) on

„Тие сакаат да си дадат уште една шанса, а ако не успеат, секој ќе тргне по својот пат“, рекол изворот.

Во време кога медиумите зујат за нивниот развод, Фахрие ги негирала сите обвинувања објавувајќи приказна на Инстаграм со Бурак. Имено, таа на оваа социјална мрежа објавила видео во кое е во прегратките на својот сакан, со кого поминала еден ден исполнет со забава. Со тоа, таа со широка насмевка ставила крај на приказната за разидувањето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …