10 години поддршка, соработка, креативност и танц со инклузивната група на Dancers United!

Секој заслужува можност да се изрази, да почувствува среќа, задоволство…

Пред десет години, танцовото студио Dancers United ширум ги отвори вратите за лицата со попреченост, силно верувајќи дека секој заслужува шанса да танцува.


Нашата верба, надеж, трпение и многу работа со поддршка на родителите, институциите, медиумите вродија со голем напредок во комплетната слика за лицата со попреченост на што сме навистина горди.

Како почна нашата инклузивна група, кои беа нивните први чекори во танцот, нивната прва кореографија, како напредувавме и до каде стигнавме, каде сè настапувавме, се натпреваруваме, какви успеси постигнавме, како нашите танчери станаа посамоуверени и посвесни за своите способности и каква енергија споделувавме и добивавме ќе имате можност да видите на РЕТРОСПЕКТИВНАТА инклузивна претстава која ќе се одржи во Музејот на македонската борба на 05.12.2023(вторник) со почеток од 20 часот.


Во нашата сплотеност, креативност и поддршка ќе можете да се уверите и преку заедничките кореографии на инклузивната група со танчерите од јуниорските и младинските групи.

Инклузивната претстава е дел од програмата на Министерството за култура на проекти од национален интерес.


Влезот е бесплатен.

Ви благодариме на сите што силно ја поддржувате инклузијата.

Со почит од тимот на Dancers United.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Стенд ап настап на Александар Георгиевски – G Vision вечерва во Оро

Третиот по ред стенд ап во Оро, ќе се одржи денес, со почеток во 21:00 …