Зошто мерките за заштита го запреле грипот но не и короната

Италијански експерти анализирале дали има грип оваа сезона. Од над 1.000 анализирани примероци, ниту еден не бил позитивен на вирус на грип, но околу 200. биле позитивни на Sars-CoV-2.
Овие бројки ги потенцираат заштитните мерки што оваа сезона го спречиле ширење на грип, но не и ковид 19. И’ Светската здравствена организација објавила дека има многу помалку случаи на сезонски грип оваа година. Зошто?
Одржувањето дистанца, носењето маски и други мерки за заштита го направија своето кога станува збор за грипот, но факт е дека коронавирусот е многу позаразен.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by World Health Organization (@who)


Приближна мерка за тоа колку е заразен вирусот е прикажана од таканаречениот R0 индекс (основен коефициент на репродукција). Во некои делови на светот, оваа бројка надмина 4 кај короната (оди од 2 на 5), додека P0 на сезонски грип се движи од 0,9-2,1.
Покрај тоа, мора да се спомене глобалната интензивна кампања за вакцинирање против сезонски грип што се одржа минатата есен. Со комбинирање на овие вакцини и заштитни мерки во текот на изминатата година, грипот е потиснат. Со цел да се видат ефектите од вакцината корона во комбинација со соодветна заштита – сепак ќе мора да почека некое време.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …