Здравко Чолиќ, како што пишуават српските медиуми, на пријател кој е воен инвалид му го подарил станот во кој израснал, во сараевската населба Грбавица…
Здравко Чолиќ живеел во Сараево сè до почетокот на 90-тите години, кога избувнала војната, па се преселил во Белград, со семејството. Тој во населбата Грбавица живеел долго време. Кога завршила војната, Здравко и неговиот брат Драган како што тврдат сараевските жители, решиле својот стан да го дадат како подарок на пријател од Високо, кој станал инвалид поради повредите здобиени во борбите и кој останал без неговиот имот.
Тоа било, како што велат, гест за кој зборувала целата чаршија, а повеќето од нив сè уште се сеќаваат и денес. Покрај станот, пејачот поседувал и викендичка во Хаџичи, Босна. Тоа го подарил на семејство од Фоча, кое останало без покрив над главата за време на војната, пишува српските медиуми.
„Материјално, сакам да купам стан во Сараево заради се’ почестите посети на мојот град. Јас не сум личност која штеди пари. За време на сите овие години, живеев удобно, не премногу луксузно и имав нормални работи. Сега кога доаѓам во мојот град, морам да одам во хотел. Затоа моја голема желба е да имам стан во родниот град и мислам дека ќе го реализирам наскоро“, изјави тој за медиумите во 2007 година.
Шест години подоцна, Здравко ја остварил својата желба. Според извори од Сараево, тој во 2013 година купил стан на улицата Кошево (поранешна Краља Томислава), во најелитниот дел на Сараево.
ИСтанот има 86. квадратни метри, се наоѓа наспроти Паркот на светлината, а квадратот тогаш чинел 2.000 евра, што значи дека Чола дал вкупно 172.000 евра за станот.
Од ПР-службата на пејачот рекле дека тој нема да коментира вакви информации.