ЗАПРЕНО ИСПИТУВАЊЕТО НА ОКСФОРДСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОРОНА! Причина – необјаснива болест на учесниците!

ФИНАЛНАТА фаза од клиничкото испитување на вакцината Ковид-19 беше привремено запрена откако кај еден испитаник е забележана неповолна реакција.
Вакцината што ја развиваат Универзитетот во Оксфорд и британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ е еден од водечките кандидати за вакцината „ковид-19“.
Клиничкото испитување сега е суспендирано поради случај на „необјаснива болест“, сепак, фармацевтската компанија го опишува привременото прекинување на испитувањето како „рутина“.
Исходот од ова испитување со нетрпение се очекува низ целиот свет.


Вакцината успешно ја помина првата и втората фаза од клиничкото испитување и се очекуваше да биде меѓу првите што ќе се појават на пазарот. Третата фаза од истражувањето е спроведена на околу 30.000 испитаници во САД, Бразил, Велика Британија и Јужна Африка. Тоа е фаза што вообичаено се прави на илјадници луѓе и трае неколку години.
„На големи испитувања, болестите можат да се појават случајно, но сè мора детално да се провери“, рекле од Оксфорд.
Ова е втор пат како проучување на вакцината за коронавирус во Оксфорд да е запрено. Таквите работи рутински се случуваат кога испитаникот-волонтер завршува во болница, а причината за болеста не е веднаш јасна.
Се смета дека испитувањето може да продолжи за неколку дена. Деталите за несаканата реакција на испитаниците не се познати.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …