Започнува GrowBiz Startup – нова регионална бизнис програма за започнување на сопствен бизнис во Македонија

Невладината организација ЛинкАкрос Македонија започнува со нова програма, наречена GrowBiz StartUp, за непосредна поддршка на претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис.
Во голема мера поддршката се состои од тим на бизнис ментори кој ќе ги водат клиентите низ овој процес. Тимот на ментори е составен од домашни и американски бизнис ментори кои во неколку фази ќе го водат учесникот до неговата цел, започнување и успешно водење на свој бизнис.

Програмата која се состои во 4 фази започнува со бесплатен настан во живо на 1ви и 2ри јуни во Скопје од 18ч до 21ч со Christian Pinkston, гостин говорник од САД кој е сопственик на реномирана фирма за комуникации во Вашингтон, САД. Сите 4 фази на програмата траат околу една година.


This image has an empty alt attribute; its file name is LinkAcross-Development-Center-1024x636.jpg

Клеј Бутемер, извршен директор на канцеларијата на ЛинкАкрос изјави: „Оваа програма е подготвувана и тестирана подолго време на реални клиенти чиј фидбек беше применет и вметнат во крајната верзија на GrowBiz StartUp. Веруваме дека нудиме програма која ќе одговори соодветно на потребите на претприемачи кои сакаат да започнат бизниси кои воедно се профитабилни и придонесуваат кон развојот на општеството.”


Подетални информации за програмата и линк за регистрација за настанот на 1 и 2ри јуни се достапни на веб страната www.growbiz.mk/mk.

ЛинкАкрос Македонија е подружница на Американската невладина организација ЛинкАкрос и активно работи со локални и странски партнери на проекти за развој во Македонија од 2010 год.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …