(ФОТО) Удрил автомобил од 700.000 долари затоа што не можел да користи рачен менувач

Штетата на скапото возило не е занемарлива, а сопственикот ќе мора да ја плати од свој џеб бидејќи автомобилот не бил регистриран ниту осигуран.
Ford GT во верзијата Heritage Edition е многу редок автомобил, бидејќи се направени само 346. примероци.Овој модел е сон на секој американски љубител на автомобили, но за 50-годишникот од Бока Рантон на Флорида тој сон се претворил во Кошмар.
Според „Мотор1“, сопственикот одлучил да го вози неодамна купениот Форд ГТ низ областа каде што живее, но набрзо изгубил контрола над автомобилот и удрил во блиската палма.
За време на полициската истрага, несреќниот сопственик признал дека никогаш не возел автомобил со рачен менувач.
Штетата на GT не е занемарлива, а сопственикот ќе мора да ја плати од свој џеб бидејќи автомобилот не бил регистриран или осигуран. Денешната вредност на Ford GT Heritage Edition од 2006. година е околу 700.000 долари.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Летаргија“ изложба на цртежи од Ангел Коруновски

Денес, во Домот на култура „Бранд Петрушев“ во Богданци, со почеток во 18:00 часот, ќе …