За Маја Оџаклиевска барокот во Скопје е траума!

Вели дека во родниот град не била подолг период, но се уште имала трауми од она што го видела пред пет години, променетиот изглед на Скопје, барокот и споменици…

Поп дивата Маја Оџаклиевска беше специјална гостинка на „Златна Бубамара“ на популарноста и ја доби наградата за трајни вредности.


Маја деновиве престојуваше во Скопје . Таа по само неколку дена се врати за Белград, Србија, каде што живее и работи од 1970 година. Вели дека во родниот град не била подолг период, но се уште имала трауми од она што го видела пред пет години, променетиот изглед на Скопје, барокт и споменици.

„Во текот на оваа посета не успеав да видам ништо во Скопје поради обврски. Но, околу моите импресии од ,,баркот’’ и новиот изглед на градот, ќе ви кажам дека се уште носам трауми од она што ми остана во сеќавање пред пет години , вели Маја Оџакилевска за ,,Фокус’’.


За наградата на Бубамара вели дека и е голема чест што ја добила и како е воодушевена од настанот и неговата организација.

„Извонредна манифестација, која докажува дека можат да се вреднуваат вистинските уметнички вредности со помош на труд и добра сценариска обработка. Се заблагодарувам на целата екипа на Бубамара, а посебно на Ранко Петровиќ, за целиот напор, за одржувањето на настанот без никакви проблеми, со еден лесен и утврден тек, вели таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …