За изминатите 24. часа во Македонија се потврдени 20. нови случаи на Ковид-19: Вкупна бројка на дијагностицирани е 1.694, оздравени се 24. пациенти а има тројца починати

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-12, Прилеп-7, Тетово-3, Кавадарци-1, Пехчево-1.
Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово.
Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370. Последната дистрибуција по градови е:
•    Скопје – 579, активни 129
•    Куманово – 410, активни 46
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-35, активни 2
•    Прилеп –184, активни 56
•    Тетово – 121, активни 58
•    Струга – 67, активни 4
•    Велес – 109, активни 50
•    Битола –23, активни 4
•    Охрид –15, активни 0
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –19, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 2, активни 0
•    Крива Паланка- 6, активни 2
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 5
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 1
•    Виница – 2, активни 0
•    Кратово-2, активни 2
•    Берово-1, активни 1

Направените 309 теста се преку: ИЈЗ –161, Ветеринарен ф-тет -16, Авицена –13, Биотек -24, Филип Втори (Жан Митрев) –40, Систина со PCR метода  -36 и МАНУ -19.  Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 4 пациенти, а вкупно хоспитализирани 38. На кислородна поддршка се 20 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …