За Богојавление – Водици повторно со натпросечни температури

По студеното петочно утро во текот на денот, поради продор на потопла воздушна маса од јужните географски широчини, ќе започне да дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Повремено на некои места ќе засилува по интензитет и токму ова ќе предизвика пораст на дневните температури на воздухот кој повторно ќе бидат над просекот за овој зимски период од годината. Денешните максимални дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 5. до 12. степени.
Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а врнежи нема да има.
Во сабота не очекува нова промена на временската состојба во нашата држава. Поточно од северозапад ќе помине еден нов влажен бран кој ќе услови зголемување на облачноста и уште од претпладневните или пладневните часови најпрвин на запад и северозапад а потоа и на повеќе места ќе има врнежи од дожд додека на планините ќе има врнежи од снег.
Најмногу врнежи ќе има на запад и на северозапад а не се исклучува можноста за појава на ретки грмежи а ќе дува и умерен на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Ќе биде релативно топло со надпросечни температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 7. до 13. степени, предвидуваат од meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …