Yon Idy e сè поблиску до остварување на својот евровизиски сон

Dreams е патот до Торино
По влезот во трката со уште 5 кандидати, Yon Idy ја промовираше Dreams во емисијата Стисни Плеј во рамки на националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022. Оваа година македонската јавност со оналјн гласање ќе учествува во изборот на песната што ќе ја претставува нашата земја во Торино.

Yon Idy е комплетен автор на песната Dreams, а за аранжманот помогна и Ангел Ќосев. Благодарен е за довербата и можноста да биде потенцијален претставник на Македонија. Според него, Евровизија е настан на кој се споделуваат различните култури на најубавиот можен начин, а тоа е музиката. „Сите сонуваме за совршена љубов, а во рефренот на Dreams се зборува за токму таква љубов – совршена, од соништата. Строфите отсликуваат реални моменти, конфликти и недоразбирања од мојот личен живот, нè враќаат во реалноста и нè потсетуваат дека за да биде нешто толку совршено, мора вистински да се потрудиме,” вели Yon Idy.


This image has an empty alt attribute; its file name is yon-idi-1-1024x1024.jpg

Ова е линкот на кој може да ја преслушате Dreams повторно и да гласате за Yon Idy.


Со својот посебен стил на интерпретација Yon Idy потсетува на странски музичар кој “залутал” на нашата сцена. „Како од Скопје?!”, „Па, ова звучи светски!”, „Мислев дека е некој странец”, се дел од реакциите на порталите и социјалните мрежи, а „Светско, а наше” веќе му стана второ име при најавите на неговите песни на радио станиците, како и при неговото претставување по домашните портали. Сосем свој, скромен, а шармантен, емотивно ги доловува текстовите кои ги пее придружуван од својата гитара. Песните му се на англиски јазик. А, според многумина, светот многу брзо ќе дознае за него.

View this post on Instagram

A post shared by Yon (@yon_idy)



Yon Idy е уметничкото име на Јон Ајдини, роден во Скопје, во 1995 година. До сега има издадено осум песни, кои, покрај на домашните, се емитуваат и на многу радио станици низ светот, како во САД, Велика Британија, Германија, Швајцарија, Грција, Хрватска, Албанија, Косово итн. Пораснат е опкружен со музика во неговиот роден град Скопје. Тој се вљубува и учи од класичните уметници како Битлси и Леонард Коен, подоцна под влијание на Muse, со здрави дози на блуз и инди сцени. Свири пред публиката во живо повеќе пати неделно и со нетрпение очекува да го издаде својот прв целосен албум во 2022 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …