Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории

Овој викенд продолжува акцијата со која се обезбедуваат оброци на граѓаните од социјално ранливите категории, од страна на Град Скопје во соработка со здружението Љубезност и Ретвитни оброк.

Денес на акцијата присуствуваше Филип Јаневски, советник во Совет на Град Скопје, кој заедно со волонтерите на РеТвитни оброк и здружението Љубезност поделија оброци на бездомните лица.


This image has an empty alt attribute; its file name is obroci-za-siromasni-1.jpg

Средствата во висина од 32 илјади евра кои што порано градот ги предвидел за угостителски услуги, сега градоначалничката Арсовска ги пренамени за помош на граѓаните од социјално ранливи категории.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Аргентинско танго – курс за почетници

Музика е комплетна кога некој игра, влезете во светот на танцување, научете Аргентинско танго. Наместо …