Второ издание на фестивалот на улична уметност „Центарски улици“

Во понеделник на 15 април 2024 година со почеток од 18:30часот на ул. Македонија во центарот на Скопје по повод, светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика. Во рамките на настанот ќе може да го проследите музичкиот настап на Емил Ејупи квартет.

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како растојание меѓу двете најкратки точки на еден нечуен здив!


Задачата на уличните артисти е да го отсликаат на духовит начин она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза!

Низ уличната уметност, уличните живи статуи, а и не само низ неа и не само и останатите улични забавувачи се трудат колку што можат повеќе да помогнат секому.


Насмејте се, поубаво во стои, ви порачуваат организаторите на овој настан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Најдете рамнотежа – Одредена храна може да предизвика забрзано стареење, намалете го внесот на овие намирници

Храната што ја консумираме секојдневно игра важна улога во нашето тело, а некои од нив …