Голема роденденска забава на „Conquering Lion“ во „Станица 26“: 17 години од нивното постоење ќе го прослават со концертен настап:

На 20-ти април (сабота) во ноќниот клуб „Станица 26“, 17 години од своето постоење ќе прослави познатиот даб/реге/кросовер бенд – „Conquering Lion“.

Роденденската забава всушност ќе биде концертен настап на момците од Тетово, а публиката ќе ја почестат со нивните најдобри музички „парчиња“ создадени во изминатите 17 години.


Влезниците се веќе пуштени во продажба, а истите ќе може да ги најдете на следниве локации: Во Скопје во Three Kitchen & Bar и Garson Bar, додека во Тетово тие ќе може да се набават во Grand Tobacco. Нивната цена ќе изнесува 400 денари во претпродажба и 500 денари на влез.

Инаку Conquering Lion е даб/реге/кросовер бенд од Тетово (Македонија) кој своето творештво го започнува на 7-ми април 2007 година.  Во октомври 2009 година бендот го издава својот прв албум едноставно насловен како “I” за PMG Recordings на кој што може да се слушнат 10 песни меѓу кои и соработката со јамајканскиот артист Jah Clarity на песната “Jah Love”.


До сега, покрај настапите низ Македонија, бендот има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово.

Вториот по ред албум насловен како “Know Your Wisdom” излезе на 26-ти август 2011 по што следеше 30 дневна балканска турнеја. Две години подоцна на 22-ри Ноември 2013 година бендот го издаде третиот студиски албум “Revelation” за издавачката куќа “Password Productions” од Македонија, по кој следеше успешна пролетна Европска турнеја.


Како едни од поважните настапи на Conquering Lion може да се издвојат настапите со Manu Chao, Gentleman, Ras Zacharri, Donald Minott, Raphael, Hornsman Coyote…Исто така бендот има настапувано на поголеми фестивали како, Riding Higher во Германија, In Music Festival во Хрватска, Таксират Фестивал во Македонија, Spirit of Burgas и Hills of Rock во Бугарија,…

Conquering Lion го издаваат својот 4-ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој беше издаден на 24-ти Фебруари 2017 година за издавачката куќа Locksmith Records од New Jersey, USA. “Land Of Confusion” беше на листата за преноминации за најдобар реге албум за 2017 година на Греми наградите и за албум на годината на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.

Сите три синглови од новиот албум “Wake Up”, “Go” и “Natty Lion” беа премиерно промовирани на најголемиот реге портал во Европа “Reggaeville”.

Првиот сингл од албумот “Shine” беше премиерно промовиран истотака на порталот “Reggaeville” на 23-ти Март 2018 година.

Вториот сингл “Badman World” заедно со италијанскиот реге артист Рафаел беше премиерно промовиран на порталот “Reggaeville” на 27-ми август 2018 година. Бендот го издава својот 5-ти под ред студиски албум “Revolution Time” на 30.03.2020 година за издавачката куќа “Rehegoo Music” од Лондон, В.Британија. Бендот го издаде синглот “Long Time” во соработка со македонската пејачка Дани Димитровска на 8-ми декември 2021 година. Во моментов бендот работи на својот 6-ти по ред студиски албум кој сеуште е во подготовки, а првиот сингл “Warning” во соработка со српскиот реге пејач Hornsman Coyote беше премиерно промовиран на 10-ми Декември 2023.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …