Времето наредните четири дена: Денеска облачно со локален дожд но температури од 20. до 29 степени

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови, најавуваат од РХМЗ.
Минималната температура ќе биде помеѓу 8. и 15., а максималната ќе достигне од 20. до 29. степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има краткотраен пороен дожд.
Температурата ќе се движи од 13. до 26. степени.
И во вторник ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Преодно стабилизирање ќе има во среда, а од четврток попладне под влијание на влажен бран нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Забава со Влатко Стефановски Трио, Каролина, Кирил Џајковски, Нокаут, Ареа, Фолтин, Страјк и Диџеј Гоце, и Битолски камерен оркестар – 21-ви септември по многу нешта ќе е посебен ден!

Желбата за дружење, за добра музика но и за омиленото пиво се работи кои се …