Временска прогноза за наредните 5. дена: Сонце, топло, но и…

Сонце топло…високи температури,но и промени кои ќе ни ја нарушат пролетната хармонија…
Еве што најавува УХМР за наредните 5. дена:
Денес ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите, дневни, ќе се движат од 20, на северт, до 32. степени на југот на земјата.
За утре (недела) се очекува претпладне да биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се двожат од 7. до 15. а дневните од 21. до 32. степени.
Во понеделник започнуваат промените – променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минимална температура: 9°C до 16°C. Максимална температура: 23°C до 31°C.
Вторник – Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Минимална температура: 10°C до 17°C. Максимална температура: 22°C до 29°C.
Среда – Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минимална температура: 9°C до 15°C. Максимална температура: 22°C до 28°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …