(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОРАДИ СЕЛФИ БИЛ ИСКАСАПЕН ОД КРОКОДИЛ: Турист мислел дека е статуа, па влегол во базен да се слика!

Еден од посетителите на забавниот парк на Филипините помислил дека во базенот има статуа на крокодил. Сакајќи да направи „селфи“, влегол во базенот и го допрел вистинско животно кое одмарало.
Очекувано, го разбудил ѕверот од сон. Каснувањето од крокодил е една од најголемите сили во животинското царство, што човекот го почувствувал на раката. Се’ било пропратено со офкање и врескање на жртвата и околните посетители, пренесоа светските медиуми.
Очајно се борел додека не бил ослободен. Тој остана на нозе и со нефункционална рака. кога се намалил адреналинот, тој колабирал од недостиг на крв и веднаш му била укажана прва помош.


Како што понатаму се наведува, семејството ја обвинува управата на забавниот парк затоа што не означиле со знаци дека се работи за вистинско животно. На мажот му биле скршени неколку коски, а тој се здобил со осум повреди на раката и бутот за кои било потребно шиење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …