(ВИДЕО) Екстремно невреме во Истанбул: Ветерот уништи делови од згради, четворица загинати


Четири лица, меѓу кои и еден странски државјанин, загинаа за време на екстремно невреме во Истанбул, јавуваат медиумите.


Повредени се 19. лица, а силниот ветер не го погодил само Истанбул, туку и околните региони.
Брзината на ветерот се искачила на 130 км/ч, соопштила водечката турска метеоролошка организација, а екстремни услови се очекуваат и во Измир.


Три лица се во критична состојба
Силниот ветер се очекува да продолжи и утре.

„Поради неповолните временски услови предизвикани од југозападниот ветер што од утрото дува во Истанбул, животот го загубија четири лица, од кои еден е странски државјанин и тројца наши државјани, 19. наши државјани се повредени, а тројца се во критична состојба“, се вели во соопштението од Истанбул.
Ветерот, урнал делови од зградите, вклучително и бетонски плочи од покривите и ѕидовите.

Проблеми во сообраќајот
Имало потешкотии и со летовите на Туркиш ерлајнс.
– Најмалку шест летови на „Туркиш ерлајнс“ што требаше да слетаат во Истанбул се пренасочени кон градовите Анкара и Измир“, изјави лпортпаролот на авиокомпанијата.
Силните ветрови влијаеја и на укинување на траектните линии меѓу крајбрежните одморалишта Бодрум и Дача.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …