Во несреќа загинал раперот Гру

Познатиот српски рапер Далибор Андонов, попознат по неговото уметничко име Гру, починал денес во наутичкиот клуб „Земун“, откако падна во вода за време на возење со змеј.
Андонов бил трагично повреден околу 15 часот и 20 минути и бил извлечен од водата од пријателите. Брзата помош пристигнала на местото на настанот, а лекарите можеле само да констатираат смрт.
Далибор Андонов е роден во Димитровград на 8 март 1973 година. Дипломирал на Средното училиште за машинство во Белград и студирал на Колеџот за бизнис.
Откако во 1995 година објави еден од првите рап-албуми во Србија под името „Дали си во право“, Гру во 1996. го издаде  комерцијално најуспешниот рап албум во Србија досега, „Гру 2“, станувајќи предвесник на стар рап од домашно школо која ја чинеле C-Ya, Who Is The Best, Rhytm Attack, Monteniggers
Имаше големи хитови „5-ок“, „Ќе бидам тука“, „Срце“ и емотивната песна „Доста ми е“, а самиот албум погоди добар баланс помеѓу комерцијалниот и андерграунд рапот.
Тој го издаде својот последен албум, The Ultimate Collection, во 2009. година, проследен со неколку синглови. Во 2010 година, го сними,  заедно со популарниот член на групата „Bad Copy“ Ајс Нигрутин, спотот за повратничката песна „Тие сè уште ме сакаат“.
Тој зад себе остави сопруга и две деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …