Актерката Селма Блер решила да покаже како изгледа реалноста на борбата против мултиплекс склероза.
На својот профил на Инстаграм, Селма решила да објави фотографија на која позира само во јакна, а интимната област во огледалото ја покрила со чанта во форма на карцином. Фотографијата на Селма без панталони и долна облека ја направил фотографот Том Браун.
„Портрет на една дама“, напиша таа покрај фотографијата.
Таа исто така има избричена глава, што е индикација дека интензивно се лекува од оваа злобна болест. Фотографијата ги собра симпатиите на следбениците за кратко време, а и лајкувале многумина познати како што се Сара Хајленд од серијалот „Modern Family“.
Актерката Кристина Милианрут и’напишала дека ја обожава оваа слика. Но, на некои луѓе не им се допаднале фотографиите, така што една следбеничка и напишала дека треба да носи пантолони.
„Јас ги немам. Можеш ли да веруваш во тоа! Минимализам“, одговорила Блер.
Во август 2018 година, на Селма и била дијагностицирана мултиплекс склероза а болеста ја пријавила во октомври 2018 година во многу емотивно објавување на Инстаграм. Оттогаш, актерката е многу отворена во борбите што мораше да ги издржи, вклучително и сензорни и моторни вештини, проблеми со гласот, како и замор. Нејзиниот третман за мултиплекс склероза вклучува трансплантација на хематопоетски матични клетки (HSCT), кој исто така се користи за лекување на карцином на крв и коскена срцевина.