Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 11. пациенти, а вкупно се лекуваaт 252. болни, сомнителни и потврдени за КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 11 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 2 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 6 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 82 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 21 пациент.
Вкупно 252 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 114 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …