ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА – ПАРТНЕРОТ МЕ ИЗМАМИ СО СОПСТВЕНАТА ЌЕРКА: „Побегна од насилно момче, а потоа ми забоде нож во грб!“ Еве како дознала за АФЕРАТА!

Една жена доживеала агонија кога нејзиниот партнер ја изневерил со родената ќерка. Таа во очај анонимно се обратила до експерт за врски за совет.
– Кога ќерка ми мораше да побегне откако го остави своето насилно момче, не се двоумев да и го понудам мојот дом. Сепак, последното нешто што го очекував беше таа да започне врска со мојот дечко веднаш пред мојот нос. Јас сум во состојба на целосен шок и скршено срце. Не ми се верува дека двајцата кои најмногу ги сакам би ме издале вака – ја започнала својата приказна жената за The Sun.

This image has an empty alt attribute; its file name is solzi.jpg
Има 54. години, а својот партнер (55) го запознала на апликација за запознавање пред четири години. Тие навистина се сложиле и набрзо почнале да живеат заедно. Бидејќи сакале нов почеток, заедно купиле куќа. Се’ било совршено, но потоа се јавила нејзината 25-годишна ќерка со веста дека го напушта своето насилно момче.
– Се договоривме да дојде кај нас. Се чинеше дека ѝ оди добро и доби работа. Но, тогаш малку сомнежи почнаа да ми се вртат во умот. Почнав да се чувствувам непријатно кога ги забележав мајтапењата меѓу партнерот и ќерка ми. Имаше многу сексуални инсинуации и тоа не изгледаше соодветно. Гледајќи наназад, имаше моменти кога исчезнуваа заедно и ги немаше повеќе од еден час, продолжила таа.


This image has an empty alt attribute; its file name is telefon-vidi-dali-e-pomala.png
Една вечер кога се вратила од работа на бокалот за греење вода нашла белешка во која пишувало дека се заљубиле и решиле да бидат заедно. Се иселила од дома и побегнала од се, но се плаши дека никогаш нема да може да им прости.
– Ова е навистина страшна ситуација. Тоа што го направиле вашиот партнер и вашата ќерка е погрешно. Сепак, вашата ќерка била ранлива откако оставила насилно момче и се чини дека вашиот партнер го искористил тоа. Знам дека сте лути, но не дозволувајте тоа да ти ја уништи врската со ќерка ви. Ќе и требате повторно кога нивната врска неизбежно ќе се распадне. Обидете се да одржувате комуникација со неа – ја советувала психотерапевтот Деидра.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …