Викенд со многу дожд и снег на планините

Под влијание на моќен циклонски систем кој веќе е формиран над Медитеранот и истиот со својата долина се шири и доаѓа кон нашата територија за време на овој викенд ќе имаме облачно и СТУДЕНО време со врнежи од дожд на ниските места додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде значително ќе се зголеми снежната покривка.
Во западните, северните, северозападните како и во југозападните предели врнежи од снег ќе има и во некои од котлините каде има услови да дојде до формирање на снежна покривка. Сепак овој снег би бил релативно влажен.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Врнежите ќе бидат ПОИТЕНЗИВНИ особено денес (сабота) па така вкупното количество на наврнат воден талог локално ќе изнесува над 35 л/м2 особено во јужната половина додека на планините снежната покривка ЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми и тоа за 20 до 30 цм а понекаде дури и повеќе.
Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и овој викенд ќе се искачуваатво интервалот од 3. до 10. степени и тоа во текот на денешниот саботен ден додека во недела истите ќе се искачат во интервалот од 0. до 7. степени, навестуваат од  meteomax.mk.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …