(ВИДЕО+ФОТО) ЖЕЉКО БЕБЕК и го честитал 90. роденден на легендарната Селма од култната песна на „Бијело дугме“!

Бебек вчера навечер на социјалните мрежи споделил фотографија и предизвикал воодушевување кај обожавателите. Имено, пејачот се фотографирал покрај Селма која вчера го прославила 90. роденден…

Девојката која му била инспирација на Владо Дијак за eден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, „Селма“, вчера наполнила 90. години. Жељко Бебек кој ја изведуваше песната додека беше пејач во „Бјело дугме“ ја посети Селма Борис во нејзиниот дом, се фотографираше и објавил на социјалните мрежи.
„Мојата драга Селма слави 90. роденден. Срекен роденден од срце“, напиша Бебек на својот Фејсбук профил.
Хитот „Селма“ е посветен на жената во која Владо Дијак бил вљубен, а нејзиното заминување на факултет го преточил во една од најубавите љубовни песни. Владо и таа се запознале во 1945 година.


„Јас во тоа време имав 16 години. Лежев со девојките на тревата, а Владо лежеше со момчињата наспроти. Тој ја кубеше тревата и ме гледаше цело време. Се чини дека тој беше заинтересиран за мене, а подоцна се запознавме на корзо. Еднаш ме сретна додека тргнував на пат, па го носеше куферот. Отидовме на станицата и тој ми помогна да се качам во возот. Имаше отворен прозорец и тој ми рече: ‘Селма, не се потпирај на прозорецот’“, раскажа Селма пред неколку години за хрватските медиуми.


… moja draga Selma slavi 90.ti rodjendan … sretan rodjendan od 💝 #selma #bijelodugme #ononestonase


Gepostet von Zeljko Bebek am Sonntag, 25. August 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Откриено од продуцентот – На Анџелина Џоли и Бред Пит им била понудена вртоглава сума за заеднички филм: Еве колку би можеле да заработат

На Анџелина Џоли и Бред Пит им е понудена вртоглава сума доколку ги остават несогласувањата …