(ВИДЕО+ФОТО) ВЕРУВАЛ ВО СВОЈОТ ТИМ – Трговец со мебел синоќа остварил најголема добивка во историјата на кладилницата

Американскиот бизнисмен и најголемиот обложувач на светот Џим Мекингвејл (71) освоил 75. милиони долари во кладилница откако неговиот омилен бејзбол клуб, Хјустон Астрос, ја освоил МЛБ лигата.
Астрос ја освоил својата втора титула во лигата за шест години во саботата вечерта, откако ја победиле Филаделфија Филис со 4:1 на домашен терен во шестиот натпревар од финалето на плеј-офот на МЛБ и ја продолжија својата серија од четири победи со 4:2.
Мекингвејл вложил 10. милиони долари на својот тикет, а во пресрет на натпреварот овој трговец со мебел прошетал по теренот со овации на навивачите.


„Ве сакам сите. Го сакам овој град и се би направил за него. Горд сум што ум дел од оваа заедница“, порачал после натпреварот човекот чие богатство се проценува на 350 милиони долари.
Инаку, најголемиот обложувач на светот загубил 10. милиони долари на Суперболот кога Бенгалсите загубија од Рамс, додека тој веќе се обложил на Астрос во 2017. година кога тие беа шампиони.

Потоа добил 8. милиони долари и бил повикан на дружењето на шампионот со тогашниот американски претседател Доналд Трамп.
МекИнгвејл, исто така, одлучил да ги почести своите клиенти бидејќи Астрос ја освоиле титулата, па секој што купил душек од 3.000 долари пред плеј-офот добил рефундирање по кревањето на трофејот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …