Пејачката има 27. години, а вистинското име и е Ана Корусн. Како што вели била подготвена да ја откаже турнејата по Русија, но имало уште одредби кои потсетувале на цензура.
Настапот на украинската натпреварувачка за песна на Евровизија, Марув, е повлечена поради напнатоста помеѓу нејзината земја и Русија.
Нејзината песна „Siren Song“ во саботата освоила прво место на јавното гласање, но нејзиниот настап е повлечен од програмата на националната телевизија.
Таа требало да склучи договор со украинската национална телевизија (UA:PBC), според кој се обврзува да биде културен амбасадор на Украина и во светот да ја претстави не само нивната музика, туку и ставовите на украинското општество, и ги одбила 24-те часа за потпишување на договор кој привремено ѝ забранува да настапува во Русија, пренесува Слободна Европа.
Разговорите биле прекинати во понеделникот, а настапот на Марув, чие вистинско име е Ана Корсун, е откажан.
Меѓутоа, таа изјавила дека е подготвена да ја откаже следната турнеја во Русија, но дека останатите одредби од договорот ги смета за цензура.
„Ја сум државјанка на Украина, плаќам даноци и искрено ја сакам Украина, но не сум подготвена на луѓето да им се обраќам претворајќи го своето учество во натпревар за промоција на нашите политичари. Јас сум музичар, а не бејзбол палка на политичката сцена“, напишала на Фејсбук.
Марув, чија песна на Јутјуб има 6,8 милиони прегледи, додела и дека им се заблагодарува на сите кои верувале во неа и ги замолила да ја прифатат оваа ситуација и да не го изберат патот на конфликтот.
Фото: Facebook, screnshot
Подготви:Г.О.