(ВИДЕО+ФОТО) Церемонијата на доделувањето на Оскарите во април ќе се пренесува во живо

Најпознатата и најпрестижна церемонија на доделување на Оскарите ќе биде организирана на 25. април и ќе се емитува во живо од повеќе локации, потврдија денес организаторите.
Портпарол на Академијата за филмска уметност и наука изјави дека и’ покрај пандемијата на коронавирусот, што предизвика вистински пустош во филмската и забавната индустрија, тие сепак ќе организираат церемонија на доделување награди, давајќи им приоритет на јавното здравје и безбедност на сите учесници.
„За да создадеме претстава што нашата глобална публика сака да ја види, треба да се прилагодиме на барањата на пандемијата, поради што церемонијата ќе се емитува во живо од повеќе локации, вклучително и од главната сала на Долби театарот во Холивуд“, рекол портпаролот.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Viral Pop Culture (@viralpopculture)


Патем, театарот Долби е местото каде што се одржуваше церемонијата на Оскарите многу години. Секоја година, голем број најдобри актери во светот се собираа во огромната театарска сала со 3.400 места, секако на сето тоа ќе му претходеше гламурозниот и неизбежен црвен тепих.
Номинациите за „Оскар 2021“ година ќе бидат објавени на 15. март.
Да потсетиме, другите церемонии на доделување награди во последните месеци вообичаените собири на гала вечери ги заменија, со претходно снимени настапи или виртуелни настани. Организаторите на Греми во јануари ја одложија церемонијата за март, само три недели пред закажаниот термин, по консултација со здравствени експерти и музичари. Церемонијата на Златниот глобус за 28. февруари исто така е одложена, а номинираните ќе учествуваат на церемонијата од повеќе локации низ целиот свет, соопштија организаторите минатата недела.


Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …