Еден татко ја снимал својата ќерка секоја недела од моментот кога таа се родила до полни 20. години, а неговото видео ги воодушеви родителите ширум светот.
Времето лета, а тоа најдобро можеме да го видиме преку децата кои изгледаат како да растат за миг. Тие „деца“ што ги донесовте од породилиште вчера веќе одат на училиште, се запишуваат на факултет, се венчаваат. Сите знаеме колку е посебна врската меѓу татковците и ќерките и колку нивната врска влијае на целиот нејзин живот.
За да го „запре времето“, односно да го направи минливото – растењето на неговата ќерка, уметникот Франс Хофмастер ја фотографирал секоја недела од нејзиното раѓање до нејзиниот 20-ти роденден и правел неверојатно емотивна компилација која тој ка нарекол „Portrait of Lotte“.
If only an abortion-minded woman could see…
“Portrait of Lotte, 0 to 18 years” in 5:37 https://t.co/8UIBcFTpqc #Life #Babies #Moms #love pic.twitter.com/dDyDjgNwd8
— National Right to Life (@nrlc) August 7, 2018
Видеото за кратко време стана вирално. За само неколку недели беше прегледан повеќе од шест милиони пати.
„Кога се роди Лоте, таа толку брзо се менуваше што не можев да се сетам на секој момент, а сакав. Секој родител знае… разликата помеѓу дете на два дена и два месеци е запрепастувачка“, вели Хофмастер, објаснувајќи ги за „The Guardian“ причините кои го инспирирале редовно да ја снима ќерката. Првата компилација ја објавил кога Лоте имала 12 години, а потоа сфатил дека мора да продолжи.
Погледнете едно растење, 20 години собраани во пет минути. Проектот, чие создавање траело долго, ги воодушеви родителите ширум светот.
Фото: Принтскрин/YouTube