(ВИДЕО+ФОТО) Светот зборува за нив: Ваква љубов ретко се гледа – но ја има во Македонија!

Секогаш радува кога за нас, нашата земја – Македонија, ќе се говори во позитивен контекст…И, секако, кога тоа позитивно ќе одекне во светот, благодарение на ентузијазмот на Македонец кој забележал момент кој ќе го воодушеви светот…


Токму такви позитивни чувства предизвикаа и фотографии од Зоолошката градина во Скопје, кои станаа вирален хит!


Фотографот на „Нова Македонија“, Горан Анастасовски, успеа преку неколку фотографии да раскаже приказна за љубов, пријателство, посветеност… И тоа беше повеќе од доволно да го обиколат светот.


Негувателот Ристе и жирафата од ЗОО во Скопје се најдоа првин на сајтот „Bored Panda“, благодарение на фотографот Анастасовски, кој и’ ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како beetzer.com; shnyagi.net; pressa.tv; а една и од омилените фотографии на уредниците од „National Geographic“.

Силната порака која ја прави оваа приказна покажа дека сепак не е се така сиво, може да биде и бело и жолто и кафено.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …