(ВИДЕО+ФОТО) Судар од 3,5 милиони евра: Во швајцарските Алпи се судриле Бугати и Порше!

Во несреќата учествувале 5. возила
Несреќата се случила на патод со многу свиоци на преминот Санкт Готхард во Швајцарија кога возачите на „Бугати“ и „Порше“ решиле да претекнуваат. Приказната вели дека Бугати и Порше налетале на две побавни возила, мерцедес Ц-класа и кампер пред него. Возачот на Бугати решил да ги престигне побавните возила и Порше 911 пред него, па се свртел во левата лента и притиснал на гаста.


Во исто време, Порше преминал во левата лента и се случил контакт. Се разбира, тогаш започнува низата на настани и страдаат возилата напред. За среќа, карпите покрај патот спречиле некое возило да слета од патот.
Според достапните фотографии, најдебел крај во однос на оштетување претрпел Порше 911, најверојатно како резултат на удирање во бетонската бариера од другата страна на патот. Предниот дел бил оштетен на „Бугати Кирон“ – биле оштетени браникот, предниот капак и маската.
Локалниот медиуми 20 Minuten јавуваат дека во несреќата возачот на Мерцедес бил сериозно повреден и бил однесен во блиската болница.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …