(ФОТО) ТЕОРИЈА НА ЗАВЕРА – Италијанците ја предвиделе короната уште во 1962. година!? Откриено што стои зад илустрацијата направена пред 50. ГОДИНИ!

На социјалните мрежи се појавила нова теорија на заговор: Италијанско списание пред 50. години објавило дека луѓето ќе шетаат во стаклени скутери!
Нова теорија на заговор: слика од италијански магазин што кружи на социјалните мрежи, која, наводно, била објавена во 1962 година, покажува како луѓето ќе одат на работа во 2022. година, со социјално дистанцирање.
Футуристичкиот текст во италијанско списание говори дека во иднина градовите ќе имаат големи сообраќајни проблеми што можат да ги решат малите автомобили со едносед, како електрични скутери.
Оваа илустрација не би била проблематична доколку луѓето не се прикажани како секој во стаклената капсула оди на работа.
Сите веднаш помислиле дека возило како ова е совршено за социјална дистанца, а не за гужва!
Оваа слика прво се појавила на социјалната мрежа Твитер уште во мај, а потоа почнала да се шири. Во ерата на социјална оддалеченост, таков „автомобил“ би бил совршен, па сликата била споделена 1.400 пати со коментари: „Дури и тогаш, тие знаеја дека ќе се случи короната“ и „нè подготвуваа за короната“.


За што точно станува збор?
Оваа илустрација се појавила во италијанско списание во 1962. година, но контекстот немал никаква врска со вируси и социјална дистанца.
Сликата беше објавена, но никаде не се споменува 2022. година.
Списанието „La Domenica del Corriere“ излегувало од 1899. до 1989. година, а илустрацијата е објавена во бројот од 16. декември со наслов: „Дали вака ќе се движиме низ градовите? Еве како би можел да биде решен проблемот со сообраќајниот метеж во градовите. Малите автомобили заземаат малку простор … “
Илустрацијата ја направил Валтер Молино и никаде не спомнал дека луѓето ќе се возат така во 2022 година!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …