(ВИДЕО+ФОТО) Се сеќавате ли на ЉОВИСНА? Каде е денес познатата глумица на теленовели, важеше за една од најубавите!

Актерката која го толкуваше ликот на Љовисна со својата убавина ги освои срцата на гледачите
Периодот од 1990-тите, меѓу другото, го одбележаа теленовели, односно мексикански и шпански серии. Една од нив која ги освои срцата на публиката е „Љовисна“ која се појави во 1997 година и која по „Дивата роза“, „Касандра“ и „Есмералда“ го залуде целиот свет.
Главната улога на Љовисна ја имаше Скарлет Ортез (49), која поради црната коса и убавината остана врежана во сеќавањето на гледачите ширум светот.
Да потсетиме, Скарлет Ортез својата актерска кариера ја започна во детското шоу „Нубелуз“ во Венецуела, а учествуваше и на Мис Венецуела во 1992 година. Светската популарност ја стекна со улогите во теленовели.

Таа води мирен семеен живот. Се омажила за венецуелскиот актер Џул Буркл во 1999 година и со него ја има ќерката Барбара Бријана.



Во 2012 година, Скарлет го направила своето деби во театарот во претставата „Las Quireo a las dos“ во Мајами. Денес живее во Мајами и продолжува да глуми.


Судејќи по фотографиите од социјалните мрежи, актерката воопшто не се променила, згора на тоа, секоја година е поубава, а нејзината заштитен знак црната коса не се менувала со децении.

Фото: Принтскрин/Youtube/pecadosajenosemdt

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …