(ВИДЕО) СНИМКА ПОРАДИ КОЈА СЕ ПЛАЧЕ – Што направиле сестрите со инкубаторите: ТОА ГО МОЖАТ само жените!

Кога разорниот земјотрес ја погоди Турција на 6 февруари, инстинктивниот одговор на две медицински сестри во болницата во Газиантеп била да ги заштитат бебињата во инкубаторите во одделот за неонатална нега.
Сега тие се пофалени на мрежите ширум светот за нивната храброст и хуманост.
На видеото што го сподели д-р Фахретин Коџа, турскиот министер за здравство, се гледаат две медицински сестри кои брзаат кон одделот за неонатална нега. Тие брзо се приближија до инкубаторите и се обидоа да ги држат.


– Бевме многу исплашени и испаничени, но јасно е дека не бевме единствените кои во тој момент ги фати паника. Се плашевме како ќе ги заштитиме бебињата овде, како ќе ги извадиме без последици – изјавила една од медицинските сестри Газел Калискан.
Делвет Низам, другата медицинска сестра, додала:
– Единственото нешто за што размислувавме беа – бебињата. Инкубаторите ги задржавме колку што можевме.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …