Здравјето на принцот Вилијам е сериозно нарушено. Ако се верува на пишувањето на британскиот печат, проблемот не е воопшто наивен. Таблоидот „National Enquirer“ поитполно ја шокирал британската нација кога на насловната страница се појавиле со информација дека принцот Вилијам „малку по малку“ го губи видот, така што, за да поточно,со текот на годините тој би станал целосно слеп.
Според списанието, здравјето на принцот Вилијам не е најдобро веќе некое време. За време на неговата изолација, Војводата од Кембриџ решил да побара помош од најпрофесионалниот тим на лекари во Велика Британија. Тој бил многу загрижен за можноста да го изгуби видот и ќе се обиде со сè за да може да го забави овој и голем здравствен проблем барем малку.
„Принцот Вилијам има уште пет години пред целосно да го изгуби видот“, рекол инсајдер од кралскиот двор, со што многумина загрижил.
Наводно, Вилијам зборувал јавно за неговиот проблем и не сакал да крие ништо од својот народ.
„Вилијам јавно објави дека видот му се влошува. Но, внатре во ѕидовите на кралската палата, „на смрт“ е исплашен дека потполно ќе го загуби видот. Сите во британското кралско семејство се во шок и се надеваат дека медицинскиот тим ќе му помогне“, додал истиот извор.
Иако овој таблоид тврди дека проблемот со овој принц е познат веќе некое време, сега се откриени информации за причината за тоа.
„Не е тајна дека Вилијам и Кејт се многу лути и огорчени бидејќи Меган и Хари се откажаа од своите кралски должности. Иако Кејт, како и секогаш, се преправа дека е храбра во јавноста, се плашам дека нивниот приватен живот се распаѓа. Борбата на Вилијам против слепилото секако ги уништува и им ги крши срцата “, заклучува изворот.
Откако дознал дека му остануваат само неколку години во кои ќе може јасно да гледа, целото семејство е на нозе. Принцот неодамна решил да и ја ткрие на јавноста тајната за која молчел. Имено, за време на карантинот, тој работеше анонимно на телефонска линија и им помагаше на луѓето кои чувствуваа ментални проблеми со совети.
Свесен дека и самиот поминува низ тежок период и дека можеби ништо повеќе нема да биде исто, тој решил да им помогне на сите што може. Патем, Вилијам е познат по тоа што често зборува за менталното здравје. Тој исто така неодамна зборуваше за својата борба со вознемиреноста. Бидејќи тој самиот поминал низ сето тоа, принцот се обидуваше со пораки да им помогне на оние што ја побарале таа помош.