(ВИДЕО+ФОТО) Пристигнуваат првите снимки од силниот земјотрес во Италија, погледнете

Земјотрес со јачина од 5,7 степени е регистриран во ИТАЛИЈА во 7. часот и 7. минути.


Епицентарот на земјотресот бил на 64 километри од Римини, во Јадранското Море. Граѓаните досега пријавиле оштетувања на ѕидови или објекти. На социјалните мрежи беа објавени првите снимки од земјотресот, односно од настанатата штета.

„Денеска, 9. ноември 2022. година, во 7. часот и 7. минути, сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа многу силен земјотрес со епицентар во морето кај Римини. Јачината на земјотресот беше 5,7 степени според Рихтер.Земјотресот е почувствуван низ цела Хрватска“, пишува Сеизмолошката служба HR.

Италијанските медиуми јавуваат дека превентивно, железничкиот сообраќај на јадранската пруга е запрен, поради сомневање за оштетување на шините.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …