НОБ: Изведба на операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи на 11.11.2022


Tрагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата, прикажани во операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, ќе се изведе на 11 ноември со почеток во 20.00 ч.
На сцената на Националната опера и балет ќе се изведе под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

This image has an empty alt attribute; its file name is kavalerija-rustikana.jpg
🎵Диригент: Иван Еминовиќ
Режисер: Џандоменико Вакари (Италија)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Елена Дончева
Асс.режисер: Алесандро Идонеа (Италија) Љупка Јакимовска, Трајко Јордановски
Концерт-мајстор: Јане Бакевски
Хор–мајстор: Ѓургица Дашиќ, Јасмина Ѓорѓеска
Корепетитори: Елена Сиљановска, Јанинка Невчева, Андреја Наунов, Јордан Петрушевски


🎶Настапуваат солистите: Благица Поп Томова во улога на Сантуца, Зоран Сотиров како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Марика Поповиќ како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
„Кавалерија рустикана“ е оперски бисер натопен во страст и со одмазда како главен движечки мотив и еден од најомилените и најизведуваните оперски наслови до ден-денес на светските оперски сцени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Љутков: Библиотеките мора да се приспособат, да бидат подостапни за сите граѓани без исклучок

  Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во рамките на Конференцијата на библиотекарите со …