(ВИДЕО+ФОТО) ПРИДВИЖУВАЊЕ КОН ИНКЛУЗИВНОСТ – Манекенката со Даунов синдром за прв пат е дел од кампањата на Victoria’s Secret

Манекенката Софија Жирау стана првата личност со Даунов синдром која се појави во кампањата за брендот Викторија Сикрет, која беше претставена оваа недела.
24-годишната девојка, заедно со уште 17. жени, ја промовираше новата колекција Love Cloud, за која брендот се надева дека „ќе ја зајакне посветеноста на Victoria’s Secret за добредојде и славење на сите жени“, се вели во соопштението за печатот.
Групата се состои од професионални и непрофесионални модели, различни нијанса на кожа, големина на телото и возраст.
Познати личности како Хејли Бибер, Тејлор Хил и Адут Акеч се исто така дел од кампањата, а се појави и Валентина Сампајо, која стана првата отворено трансродова манекенка на брендот за долна облека во 2019. година.

Во средата, Жирау ја изрази својата возбуда на Инстаграм поради оваа пресвртница: „Еден ден го сонував тоа, работев на тоа и денес сонот се оствари. Конечно можам да ја споделам мојата голема тајна. Јас сум првиот модел со Даунов синдром за Викторија Сикрет!”
„Ви благодарам на сите вас кои секогаш ги поддржувавте моите проекти. Ви благодарам Викторија Сикрет што ја видовте манекенката во мене… и што ме направивте дел од инклузивната кампања Love Cloud Collection. Ова е само почеток!”, напишала таа.


View this post on Instagram

A post shared by Sofía Jirau (@sofiajirau)

Жирау се занимава со манекенство од 2019. година, а во февруари 2020. година стана една од ретките манекенки со Даунов синдром што излезе на модната недела во Њујорк. Таа преку своите профили на социјалните мрежи нагласува дека целта и е да ги поттикне другите да ги остварат своите соништа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …