(ВИДЕО+ФОТО) Прес на ТДМ за 350 изведба на „Убавицата и ѕверот“…Но и откривање на една мала слатка тајна – Нова Театар за деца и младинци!

Денеска во просториите на Театарот за деца и младинци беше одржана прес конференција по повод 350. изведба на претставата „Убавицата и ѕверот“ која е на програма непрекинато – цели 20. години.
Интересно е дека познатиот стилист Александар Ношпал првата награда за костимографија ја добил токму за оваа претстава…


Татјана Павловска Кочовска е од почетокот во оваа претстава а за нејзината актерска бравурозност зборува и меѓународната актерска награда што за оваа улога таа ја има освоено на Суботичкиот Фестивал во 1998 год.



Но, со оглед на тоа дека на пресот присуствуваше и Владимир Лазовски, инаку помошник на министерот за култура, беа откриени и дел од идните планови на театарот за деца и младинци..
Јубилејната 350. претстава на „Убавицата и ѕверот“ ќе биде изведена на 12. декември во 19. часот.

Тајната е дека ќе се гради нов театар со оглед на тоа дека од основањето па до ден денес ТДМ ги надмина и’ просторно и’ професионално просториите кои ги користи повеќе од 20. години…
Информацијата за локацијата за новиот Театар за деца и малдинци ќе биде обелоденета наредната недела…

Gepostet von Ekran am Dienstag, 11. Dezember 2018

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …