Фестивал Киненова: Јавна трибина како дел од проектот Филмска работилница на тема насилство – поддржана од УНИЦЕФ и ЕУ

Утре, на 12 декември (среда), во 12:00 часот во Кинотеката на Македонија ќе се одржи јавна трибина на тема: „Дијалогот како моќна алатка на родителите, децата и општеството во надминување на насилното однесување”. Овој настан е дел од финалниот дел на проектот на истата тема и е реализиран во вид на филмска работилница. Целиот проект е иницијатива на филмскиот фестивал Киненова Скопје, во склоп на кој се реализира истиот, а е поддржан од УНИЦЕФ и Европската Унија.
На трибината која е отворена за публика, стручни панел дискутанти ќе бидат: Марија Ралева, психолог, Радмила Живановиќ, психијатар. Јана Белчева-Андреевска, Преседавач на Советот на Општина Центар и Бенџамин Перкс, Претставник на УНИЦЕФ, а модератор ќе биде нашата истакната новинарка Ана Јовковска.
Во склоп на овој настан ќе се одржи и премиерното прикажување на филмот „Мојата порта“ кој го изработија деца кои беа учесници на оваа работилница, а кои се ученици во основните училишта во Општина Центар, работејќи на еден од аспектите на темата за насилство заедно со стручен ментор.
Партнери на проектот се Општина Центар и Кинотека на Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Танцовите перформански „Табу република“ и „Напуштена иднина“ вечерва на Танц Фест 2024

Вечерва во Македонскиот народен театар со почеток во 20:00 часот, во рамките на јубилејното издание …