(ВИДЕО+ФОТО) Пред 6. години таинствено исчезнал милијардер а оставил отворена вила: Јутјубер влегол во домот со камера и останал шокиран

Интересно е тоа што иако куќата е напуштена, од неа нема украдени работи и ниту еден прозорец не е скршен…
Стив Ронин, познат урбан истражувач, на својот Јутјуб канал објавил видео од напуштена вила на еден јапонски милијардер која останала речиси недопрена.

“Кога за првпат го истражував ова место, не можев да поверувам што гледам. Делуваше нереално, имав чувство како да сонувам. Најлудо од сè е што овој човек имал посебна вила само за уметнички колекции”, изјавил Ронин.
Тој во описот од снимката напишал дека точната судбина на сопственикот на овој неверојатен објект е непозната, но се зборува дека проневерил огромна сума на пари и едноставно исчезнал во 2013. година, оставајќи сè зад себе.

Стив во домот нашол уметнички колекции од разни скулптури и слики за кои се верува дека вредат околу еден милион долари.
Интересно е тоа што иако куќата е напуштена, од неа нема украдени работи и ниту еден прозорец не е скршен, а Ронин објаснил дека една од причините за тоа е што во Јапонија ретко се краде.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …