(ВИДЕО+ФОТО) Празничниот црвен фустан е ново култно издание на Џенифер Лопез

Празниците оваа година, поради пандемијата на коронавирусот, ќе изгледаат поразлично од она на што сме навикнале. Сепак, главните предмети што не тераат да ги сакаме остануваат: празнични украси, греено вино со цимет и, се разбира, свечени фустани. Совршен празничен фустан неодамна донесе Xенифер Лопез.

Xеј Ло е позната по своите гламурозни и култни изданија на црвениот тепих – сите ние секогаш ќе го паметиме нејзиниот фустан – џунгла na Версаче.
Овој пат, на доделувањето на наградите People’s Choice, каде го освои трофејот за икона за поп-култура, таа се појави во црвен фустан кој ви го одзема здивот и ги најавува празниците.


Лопез сите нè внесе во еуфорично расположение во нејзиниот црвено-гримизен фустан, што е креација на американскиот моден дизајнер Кристијан Сиријан – омилен на пејачката. Романтичниот црвен мини фустан првпат беше виден на модната писта на ревијата на Сиријано за пролет/лето 2021 година на Њујоршката модна недела во септември.


Лопез се искачи на сцената без маска а фустанот го спарила со прекрасни карнери со салонките на Гианвито Роси, плик ташна од Тајлер Елис и блескави дијаманти од Форевермарк.
Нејзината фризура – елегантна опашка – дополнително ја истакна убавината на фустанот, кој има неверојатни ракави во совршена пропорција со волумизираниот долен дел.


Дури и ако ја дочекате оваа новогодишна ноќ дома, тоа не значи дека не можете да се облечете – во овие тешки времиња, се чини забавно да си дозволиме да бидеме гламурозни, барем навечер.
Црвениот фустан е класика што не излегува од мода – тоа е совршена боја за новогодишен аутфит, бидејќи поканува на прослава, страст и радост. Ако не сакате да паднете во клише, изберете необичен крој или должина на фустанот, исто како и Џеј Ло.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …