(ФОТО) На кралицата Летиција и „старомоден“ комплет е вистински погодок

Шпанската кралица Летиција и кралот Фелипе VI неодамна се појавија на свеченото отворање на Универзитетската болница во Толедо. За таа пригода, убавата кралица од плакарот извади комбинација што изгледа прилично старомодно, но всушност секоја жена може да ја претвори во одлична есенска облека.
Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг посетија многу важен нов медицински комплекс во Толедо, а имаа и средба со претставници на медицинскиот персонал.
Летиција одеше со нејзиниот сопруг до новиот центар во Толедо во дводелен костум на шпанскиот дизајнер Фелипе Варела, кој веќе го носеше во неколку наврати.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Addicted (@royaladdicted_new)


Сивиот волнен костум го поврза со темно сини кожни штикли потпишани од друга шпанска марка – Магрит и со темно сина чанта од Каролина Херера.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by European Royal Familys (@euroroyals_)

И иако ние често ги перцепираме дводелните костуми како малку старомоден избор и нè потсетува на времињата кога нашите мајки ги носеа на работа, Летиција покажа дека не мора да биде така.

Со само неколку детали, што може да ги примени секоја жена, односно со потпетици и чанта, таа направи модерна елегантна есенска облека од оваа не толку привлечна комбинација, и е и тоа како пожелна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …