(ВИДЕО+ФОТО) Православен свештеник секој ден оди на опасен пат: Се качува бос во црква во карпа на висина од 250. метри -Приказната за ова место ќе ве воодушеви!

Секој ден етиопскиот православен свештеник Хајселасие Касеј печаши два часа, а потоа се качува на опасна карпа за да стаса до црквичката Абуна Јемата Гух која е направена во камен.


Абуна Јемата ГГух се наоѓа на северот на Етиопија и е во карпа, а сводовите се покриени со прекрасни фрески. Се наоѓа на висина од 250. метри и до неа може да се стаса само пешки и тоа бос. Една делница од 10. метри е скоро потполно вертикална.
Ја изградил Абуне Јемата, еден од најголемите етиопски светци кои од Сирија или Европа дошле во Етиопија за да го пришират христијанството во 5. век.


И’, додека едни тврдат дека локацијата ја избрал за да ја приближи црквата до небесата, други веруваат дека сакал да ја скрие од можните непријатели.



Посебно внимание привлекуваат фреските на ѕидовите, а совршено се зачувале благодарение на топлото време без влага.
На отец Касеј многумина му се восхитуваат бидејќи секој ден се искачува до црквата.


„Не се плашам додека се искачувам бидејќи тоа го правам секој ден. Многу е тешко но изводливо. Секое утро се будам многу рано. Потоа до 6. наутро работам по дома па се упатувам кон Абуна Јамата. Кога ќе излезам од дома многу сум среќен бидејќи одам таму, ми се исполнува срцето“, вели свештеникот.



До подножјето на црквата пешачи околу два часа а времето на планината го минува во изучуавње на старите документи.
„Тука е многу тивко и мирно, нема баш многу луѓе сокои можете да зборувате. Комуницирате со Бог и тогаш вашиот ум се ослободува“, вели.


Во црквата и денес се наоѓаат мошти на многу светци., Никој од нив никогаш не паднал ниту се повредил искачувајќи се до црквата.

Хајселасие Касеј во црквата останува се до приквечер, а потоа се’ заклучува и тргнува дома
„Една од причините поради кои станав свештеник е што на луѓето можам да им го пренесам она што сум го научил, за да можат да тргнат по моите стапки“, рекол свештеникот.

Екран.мк/BBC

Фото: Youtube/Printscreen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …